Спорт

Вардар бара нов тренер по отказот за Фабијани

Шампионот денеска спогодбено го раскина договорот со Аргентинецот, а веќе в сабота го чека гостување кај експрвакот Струга

Само 2,5 месеци траеше соработката меѓу фудбалскиот клуб Вардар и Кристијан Фабијани откако Аргентинецот на 26 мај го наследи Гоце Седлоски на клупата, а првакот на Македонија веќе е во потрага по нов тренер по спогодбениот раскин на договорот со него денеска.

Фабијани требаше да го продолжи шампионскиот пат на најтрофејниот македонски клуб трасиран од сегашниот македонски селектор, но експресната елиминација на стартот од квалификациите и за Лигата на шампионите, и за Конференциската лига, како и поразот во вчерашното дерби со Шкендија среде Скопје ја прелија чашата.

До гостувањето кај поранешниот првак Струга в сабота остануваат само уште неколку дена за да се пополни испразнетото место за шеф на Стручниот штаб на „црвено-црните“, а во јавноста како можни кандидати се вртат имињата на ексселекторите Чедомир Јаневски и Благој Милевски.

 

Најнови вести од: Спорт

To top