Штетите што ги претрпеа Соединетите Американски Држави од одмаздничките напади од Иран се проценуваат на 13 милијарди долари, пишува весникот „Вол стрит џурнал“.
Од почетокот на американската операција „Епски бес“ кон крајот на февруари, Иран изврши повеќе од 2.000 одмазднички напади со ракети и со беспилотни летала против американските воени бази во регионот.
Нападнати се најмалку 20 воени објекти што ги користи американската војска на Блискиот Исток.
Најмалку 42 авиони на американското воено воздухопловство, вклучително и оние во воздушните бази, беа оштетени или уништени.
Во војната со Иран досега загинаа 18 американски војници, а над 600 се повредени.