Македонија

Трети ден не се пие водата од водоводот во Свети Николе, утврдени се и микробиолошки отстапувања

Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.

„При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен показател за безбедна вода за пиење, се утврдени и микробиолошки отстапувања. Се работи за примерок, земен од чешма која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до местото на дефектот, што во моментот се санира и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект“, се наведува во соопштението од ЈКП Комуналец Свети Николе, кое го објави градоначалникот Владев.

На 10.08.2026 година се земени контролни примероци за дополнителна анализа со ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. ЈКП Комуналец Свети Николе е во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) за понатамошно постапување согласно резултатите од анализите и проценка на состојбата. За потребите на граѓаните била обезбедена вода за пиење од цистерна на 10 и на 11 август.

Претходно, ЈКП „Комуналец“ Свети Николе ги извести граѓаните дека на 11.08.2026 година, поради дефект на главната цевководна мрежа, ќе има прекин во водоснабдувањето од 07 часот наутро.

Најнови вести од: Македонија

Филипче е кај менторот Заев во Грција на одмор и оттаму преку пајташите во Македонија шират хистерија и страв кај граѓаните околу водата за пиење!

„Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со мотор отишол на гости кај неговиот ментор Зоран Заев на одмор, а во Скопје преку активистите шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните.“ – објави преку фејсбук портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Скопското основно обвинителство ќе го истражува загадувањето со отпад во близина на изворите Рашче!

Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека оформило предмет по допрен глас, за да ги провери информациите за големо загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

(Видео): Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача дека ширењето дезинформации за ешерихија коли е терористички чин

Одговорно тврдам дека имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Водата од скопски водовод, освен јас, ја пие и моето семејство и моето дете. Ако имало било каков проблем, прв ќе бев кој ќе излезе во јавноста тоа да го каже, вели градоначалникот Ѓорѓиевски на вонредната прес-конференција и се напи вода од чешма.

Вреди: ДУИ, која украде стотици милиони евра, сега глуми истражител!

ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Велес во знакот на деветтата уметност: 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Организацискиот тим ги поканува сите љубители на уметноста, граѓани и медиуми да ги следат активностите на колонијата и да го поддржат творештвото на овие извонредни автори кои го позиционираат Велес на светската стрип мапа

Најнови вести

To top