Македонија

Дали Македонија се соочува со хибриден напад?

Аналитичарите ги третираат таквите дезинформации сериозно токму поради потенцијалот за брза ескалација на страв и недоверба

Дезинформациите дека во скопскиот водовод има бактерии може да биде дел од хибриден напад, особено ако се дел од намерна акција, координирана и насочена кон дестабилизација.

Брзиот официјален одговор од скопските јавни институции ги смири граѓаните но дилемата дали некој намерно шири дезинформации останува.

Хибридните закани комбинираат различни средства (информациски операции, дезинформации, сајбер, економски притисок, повремени конвенционални елементи и сл.) за да создадат конфузија, паника, ерозија на довербата во институциите и општествена поларизација, под прагот на отворен конфликт но претставуваат закана за јавната безбедност.

Зошто објавите за „загадена вода за пиење“ можат се третираат како хибридни закани

Лажни или манипулирани тврдења за контаминација на вода директно удираат во основна потреба и јавно здравје. Можат брзо да предизвикаат паника, масовно купување, избегнување на јавни системи и притисок врз властите.

Ако се шири преку социјални мрежи, анонимни канали или координирани наративи, како што се случува сега, може да ја ослабне довербата во здравствените и комуналните институции.

Кога таквите објави се дел од поширок модел (повторувани наративи, временска координација со други инциденти, политички влијанија, или цел да се создаде хаос во кризни периоди), тие се класичен елемент на хибридно дејствување. Многу стратегии за хибридни закани изрично ги вклучуваат дезинформациите за критична инфраструктура и јавно здравје.

Не секоја погрешна или преувеличена објава автоматски е „хибриден напад“ затоа што тееба да се анализираат:
намера и координација, обем и систематичност, дали има странски, политички или друг организиран актер и
реални последици врз општествената стабилност.

Случајна грешка, неинформирано споделување или локален глас без поширок контекст обично не се класифицираат како хибриден напад.

Кога пак е дел од намерна информациска кампања насочена кон критична инфраструктура како водата за пиење, тоа е типичен хибриден инструмент.

Во пракса, аналитичарите ги третираат таквите дезинформации сериозно токму поради потенцијалот за брза ескалација на страв и недоверба. Проверка на изворите, официјални соопштенија и координација со релевантните институции остануваат клучни расчистувањето на дезинформациите.

Пример за организирано ширење на лажни вести на линкот

https://x.com/Hank___Chinaski/status/2087538706877956239

 

 

Најнови вести од: Македонија

Филипче е кај менторот Заев во Грција на одмор и оттаму преку пајташите во Македонија шират хистерија и страв кај граѓаните околу водата за пиење!

„Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со мотор отишол на гости кај неговиот ментор Зоран Заев на одмор, а во Скопје преку активистите шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните.“ – објави преку фејсбук портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Скопското основно обвинителство ќе го истражува загадувањето со отпад во близина на изворите Рашче!

Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека оформило предмет по допрен глас, за да ги провери информациите за големо загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

(Видео): Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача дека ширењето дезинформации за ешерихија коли е терористички чин

Одговорно тврдам дека имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Водата од скопски водовод, освен јас, ја пие и моето семејство и моето дете. Ако имало било каков проблем, прв ќе бев кој ќе излезе во јавноста тоа да го каже, вели градоначалникот Ѓорѓиевски на вонредната прес-конференција и се напи вода од чешма.

Трети ден не се пие водата од водоводот во Свети Николе, утврдени се и микробиолошки отстапувања

Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.

Вреди: ДУИ, која украде стотици милиони евра, сега глуми истражител!

ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Велес во знакот на деветтата уметност: 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Организацискиот тим ги поканува сите љубители на уметноста, граѓани и медиуми да ги следат активностите на колонијата и да го поддржат творештвото на овие извонредни автори кои го позиционираат Велес на светската стрип мапа

To top