Македонија

Суви чешми, скапи совети – Мерко на стружани им порача сами да си купат хидрофори

Мерко им продава памет на стружани

Шеснаесет години удобно сместен во градоначалничката фотеља, Рамиз Мерко со прст не мрда да се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето, за сега да им продава памет на стружани. Ако сакале да имаат вода, да си набавеле хидрофори.Ова дополнително ги разгневи присутните на состанокот на Советот за превенција,кој помина без присуство на медиумите, бидејќи не беа информирани.

“Градоначалникот ни рече да си набавиме хидрофор или да чекаме да заврне. Прво тоа чини најмалку 2000 евра,пари кои треба да ги вложиме за да имаме вода што ја плаќаме. Нека стават од Водовод на нивна сметка ”-пишуваат стружани на социјалните мрежи.

  Откако мудрувал на состанокот,Мерко мртов ладен отишол да промовира противпожарно возило со скали, фотографирајќи се зад воланот,насмеан од уво до уво.На првиот човек на струшки “Водовод” на кому пак уште му е лето,му било страв стружани да не го испијат езерото.Затоа не постапувал по примерот на  Охрид,каде потребите од водоснабдување меѓудругото,се задоволуваат и со испумпување на вода од Охридско.

“Не можеме да речеме дека не е сеуште лето, пошто сеуште е лето изворите ми се празни.Ако немам рестрикции стварно нема да има градот вода да не се лажеме дека можело од езеро.Не може да се земе од езеро вода да падне нивото на езерото пошто знаете дека Унеско нема да дозволи такво нешто. Ова е голем проект во кој што мора државата да постапи и општината, јас сам не сум способен да го завршам тоа.Не е моја надлежност, не можам” – вели Дашмир Насуфи,директор на Ј.П.” Водовод “

Освен по неспособноста да се справат со тековните проблеми ова претпријатие е познато и по превработеност,недомаќинско работење, расфрлањето со пари и големите долгови кои ги таложи во континуитет-реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

“Неспособноста се воочува со тоа што претпријатието признава дека успева да наплати нешто над 30% од вкупната пуштена вода во системот, нема пријава ниту за една хаварија на системот за снабдување од трети лица, ниту има пријавено каква било кражба на вода или нејзино нерационално користење. Само во последниот мандат на овој состав на локалната самоуправа, “Водовод”  има генерирано долгови во висина над 2.500.000 евра” велат ВМРО ДПМНЕ –Струга.

И додека од Водовод уверуваат дека од идната недела ќе почнеле да ги менуваат азбесните цевки за барем малку да се подобри водоснабдувањето, стружани кои живеат на погорните катови и денес немале вода.На цела мака,ним единствено не им недостасува хумор:вода има,ама чешмите имале проблем со простатата, затоа ќе излеземе на дождот да се бањаме-пишуваат шеговитите стружани.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top