Синодот потсетува дека како наследничка на Јустинијана Прва и на обновената Охридска Архиепископија, Македонската православна црква– ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност.
-Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста кон духовниот живот на македонскиот народ, таа останува Црква отворена за сите, надминувајќи ги сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби. МПЦ – ОА ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат – се нагласува во соопштението.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави деновиве: – Српската црква е една и иста. Таа е иста и во „во Мркоњиќ-град, Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт, Мелбурн и на секое друго место во светот.“
СПЦ имаше јурисдикција врз епархиите во Македонија до 1967 година кога МПЦ-ОА прогласи автокефалност, а која од Белград беше признаена во 2022 година.