Свет

Убил четворица во Њујорк, па се самоубил

27 годишниот напаѓач имал порака во џебот во која навел дека страдал од болест поврзана со траума на главата

Вооружен човек уби четири лица, вклучувајќи и еден полицаец во во Менхетен, пред да се самоубие. Пукањето се случило за време на шпицот во понеделникот навечер во облакодер на Парк Авенија, јави Си-Ен-Ен.

Меѓу убиените е и полициски службеник од Њујорк.

Според полицијата, напаѓачот, Шејн Девон Тамура (27) кој имал јапонско потекло, отпатувал во Њујорк од Лас Вега каде штп живеел.

По пукотницата, тој бил пронајден мртов со она што властите го нарекуваат „самонанесена прострелна рана“. Дополнителна муниција била пронајдена во неговиот автомобил.

Тамура го паркирал своето БМВ пред зградата и влегол во канцелариската зграда со пушка М4 во рака. Штом влегол во лобито, отворил оган врз полицаец од њујоршката полиција кој работел како обезбедување во зградата.

 „Њујорк пост“, повикувајќи се на полициски извори,  објави дека вооружениот човек облечен во панцир и вооружен со пушка АР-15 отворил оган во облакодерот на Парк Авенija убивајќи пет лица, вклучувајќи и еден полицаец, пред да г се самоубие.

Весникот објави дека уште шест лица се ранети.

Во еден момент за време на насилството, вооружениот човек се забарикадирал во канцеларија, веројатно на 32-риот кат од зградата, објави весникот.

Напаѓачот имал самоубиствена порака во задниот џеб во која се наведува дека страдал од CTE, мозочна болест поврзана со траума на главата.

 

Најнови вести од: Свет

Рос: Разликите и внатрешниот расцеп се опасност Европа и ЕУ да бидат парализирани во донесувањето одлуки во клучни моменти!

„На европскиот индустриски собир на врвот Антверпен минатата седмица присуствуваа  стотици европски индустријалци и врвни владини претставници. На овој самит, одржан под покровителство на белгискиот премиер Барт де Вевер, повторно се пројави неколкугодишниот расцеп во ЕУ. Мислењата се поделени по централното прашање: што подразбира, всушност, европскиот стратегиски суверенитет и како може да се постигне? Разидувањата во погледите и околу тактиките на дејствување се опасност да се предизвика поделба во Европа и Европската унија, која ќе го парализира европското донесување одлуки во клучен момент.“ – предупредува Грегоар Рос, директор за програмите за Европа, Русија и Евроазија во „Чатам хаус“ – Меѓународниот институт за меѓународни односи  од Лондон, светски влијателна невладина истражувачка организација. Грегоар Рос е и геополитички аналитичар, експерт за европска политика и независен истражувач во Школата за меѓународна и јавна политика на Универзитетот Колумбија во САД.

Најнови вести

To top