Македонија

Сиљановска Давкова во Њујорк на одбележување на 30-годишнината од македонско-американските дипломатски односи

На настанот присуствувал и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствувала на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Соединетите Американски Држави, што се одржа во Њујорк.

Сиљановска-Давкова на настанот порачала дека посакува и во следните 30 години да го продолжиме стратешкото партнерство со САД, бидејќи живееме во турбулентни времиња во коишто е неопходна меѓусебна поддршка на глобален план.

Обраќајќи им се на претставниците од македонската дијаспора, таа оддаде почит за нивните успеси и им посака да останат сплотени и обединети. Претседателката изрази уверување дека заедно можеме да работиме на подобрување на животот во татковината, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

„Должни сме кон вас. Јас ветувам дека ќе сторам сѐ да ги интензивираме контактите и тогаш кога сме одвоени“, изјавила Сиљановска Давкова, додавајќи дека час поскоро ќе го формира Советот за дијаспора преку којшто континуирано ќе се регулираат односите.

На настанот присуствувале претставници на американските владини институции, македонски дипломати во САД, како и претставници на македонската заедница.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top