Свет

Медведев: Русија не прифаќа ултиматуми

Секое такво барање е чекор кон војна, предупреди заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската федерација

Трамп повторно изјави дека е „многу разочаран“ од својот руски колега Владимир Путин и објави дека го скратува периодот на ултиматум од 50 на 10-12 дена.

Тој се закани со секундарни тарифи „околу 100%“ во случај на недостаток на напредок во дијалогот со Украина“.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската федерација, Дмитриј Медведев, го потсети американскиот претседател Доналд Трамп на две работи:

прво, Русија не е Израел, ниту Иран на кои треба да им се поставуваат ултиматуми, и

второ, секое такво барање е чекор кон војна.

Порано, Кремљ вети дека ќе ги анализира „многу сериозните“ изјави на Трамп, но нагласи дека засега „едно може да се каже недвосмислено“: Киев ги доживува одлуките донесени во Вашингтон „не како сигнал за мир, туку како сигнал за продолжување на војната“, објави ТАСС.

 

Најнови вести од: Свет

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

To top