Регион

Шестмина повредени во пожар во хотел во Албанија, петмина од Косово

Според прелиминарните податоци, пожарот првично избувнал во барот на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на вториот кат, каде што работел хотелот. Од повредените туристи, петмина се од Косово.

Најмалку седум лица се повредени во пожар што избувнал во хотел во Лунгомаре, во близина на албанскиот град Валона. Инцидентот предизвика паника, бидејќи пламените јазици брзо се проширија низ зградата, а неколку луѓе беа принудени да скокаат од прозорците за да избегаат од пожарот и густиот чад, објави денес „Албанска пошта“.

Според прелиминарните податоци, пожарот првично избувнал во барот на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на вториот кат, каде што работел хотелот. Од повредените туристи, петмина се од Косово.

Пожарот избувнал околу 4:00 часот наутро во бар на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на хотелските соби на горниот кат. За да избегаат од пламенот, некои гости скокнале од балконот. Зградата била целосно изгорена, објавува „Newsmax Balkans Albania“. Петмина од повредените се однесени во болницата за изгореници во Тирана на лекување, додека едно лице е на лекување во регионалната болница во Валона. Двајца од повредените се здобиле со сериозни изгореници.

Повредените се претежно млади лица, на возраст од 25 до 30 години. Истрагата и прегледот на снимките од безбедносните камери утврдиле дека пожарот бил случаен, предизвикан од електричен штекер во фрижидер лоциран во ресторанот на приземјето од зградата.

Најнови вести од: Регион

Застрашувачки пожари го зафатија брегот Јадранот

Застрашувачки пожари беснеат низ Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, оставајќи пустош зад себе. Додека во Омиш пожарот стигна до самиот центар на градот, пожарникарите, војската и канадерите на Пељешац, Улцињ и Невесиње се борат со пламените јазици.

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top