Македонија

Мицкоски: Инфлацијата е 2,3 проценти – втора најниска во регионот

Цените во маркетите пораснале за 1,8 проценти

Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, додека цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8 проценти, што ја става земјата на второто место со најниска инфлација во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по увид во градежни активности за изградба на фекална канализација во населеното место Идризово во општина Гази Баба, Мицкоски оцени дека ова се податоци кои ја покажуваат суштинската разлика во економските резултати меѓу актуелната и претходната власт на СДСМ и ДУИ.

Споредено со просекот на Европската Унија, кој во моментов се движи меѓу 2,9 и 3 проценти, Мицкоски нагласи дека домашната инфлација е речиси двојно пониска.

„Европската Унија е нашиот најголем трговски партнер. И се сеќавате, во онаа влада во 2022 година, владата на СДСМ и ДУИ, кога имавме двоцифрена инфлација којашто на моменти стигаше и до 20%, нè убедуваа дека било увезена. А тогаш просекот во ЕУ беше двапати помал од инфлацијата кај нас. Сега кај нас е двапати помал од просекот во Европа“, истакна Мицкоски.

При споредба на сите 12 земји од регионот – Словенија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија, Србија, Романија, Бугарија, Грција, Турција и Македонија – Мицкоски посочи дека во јули 2022 година сме биле деветти и само три земји – Турција, Романија и Бугарија – биле зад нас, а сега сме втори и речиси сите земји од регионот се зад нас.

„Ако тогаш сме биле деветти, сега сме втори. Тоа е разликата меѓу оваа Влада и таа влада. Тогаш во јули инфлацијата била над 14%, мислам 14,7%, така нешто, сега е 2,3%. Таа е разликата меѓу оваа Влада и податоците, кога станува збор за инфлацијата, и таа влада којашто тогаш функционирала, а двете функционираат во исто предизвикувачко време од аспект на енергетска криза. Тогаш се случува војната во Украина, сега се случува војната во Заливот, односно војната во Иран. Според сите светски аналитичари, оваа војна има далеку подевастирачки последици од таа војна којашто тогаш се случи по светската економија и енергетиката“, изјави Мицкоски.

„Не можеме на чувство да водиме политика“, нагласи тој, посочувајќи дека кога се води политика, мора да се прави компарација.

„Ние правиме компарација со таа влада којашто сме ја победиле на избори, со претходната влада. Така што, разликата е 7 спрема 1; 6 спрема 1; 8 спрема 1 — тоа е разликата. И кога ќе ги направите овие споредби, ќе видите дека станува збор најмалку 3 спрема 1, а некогаш 7 спрема 1 подобар резултат. Тоа е разликата“, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top