Македонија

И во шпицот на сезоната лични документи се вадат без долги редици

Пасоши, возачки и лични карти без хаос

Го нема хаосот и редиците пред вратите на Министерството за внатрешни работи за пасоши и лични карти. Иако бројот на барања за лични документи е зголемен за време на летната сезона, издавањето тече без никаков проблем.

Граѓаните кои ги затекнавме пред управните служби во МТВ велат дека иако има голема раздвиженост, работа се завршува за помалку од 10-тина минути.

Граѓаните задоволни бидејќи им бил закажен термин од „денес за утре“.

Во текот на јули биле поднесени околу 55.000 барања за лични документи, меѓу кои и за патни исправи. Во редовна постапка, термин за поднесување барање се добива во рок од еден до два дена, додека документите се издаваат за најмногу седум дена.

Од МВР посочуваат дека ова е првпат во јули и август, кога традиционално има најголем број граѓани од дијаспората во земјава, постапката да се одвива без подолги рокови на чекање. Полицијата располага со доволно капацитети за да одговори на зголемениот број барања, а во случаи на итни и оправдани причини службите постапуваат по законските можноста за итна постапка.

„Министерството им препорачува на граѓаните од дијаспората навремено да ја проверат важноста на своите документи и доколку има потреба, барањето за нова патна исправа да го поднесат веднаш по пристигнувањето во државата, имајќи предвид дека во моментов редовната постапка овозможува издавање на документите во кратки рокови“ велат од Министерството за внатрешни работи.
Досега беа реконструирани просториите на управните служби во повеќе полициски станици,а во план е подобрување на условите уште во неколку. Тоа ќе придонесе, како што велат од МВР, услугите да бидат побрзи, поефикасни и со пократко време на чекање.

Сегашната слика во управните служби на полицијата е многу поразлична пред почетокот на 2024-та година кога поради Преспанскиот договор граѓаните беа приморани да ги менуваат пасошите. Но поради неспремност на тогашното раководство системот целосно колабираше во редици со часови се чекаше за фотографирање и подигање на личните документи.

Најнови вести од: Македонија

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

To top