Македонија

Приказната за „Силјан Штркот“, која е дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, оживува и во нова сликовница

Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво

Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“.

Илустрациите се на Катерина Николовска, која му дава нов живот на ликот и на светот на Силјан. Изданијата од едицијата „Бајки од Македонија“ се исклучително популарни помеѓу младата читателска публика, а од новата учебна година изборот бајки од Македонија влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. Проектот, кој повеќе од една деценија се реализира во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, преку Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, со тоа доби институционална потврда за своето значење. Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, нагласи дека да се биде дел од една ваква приказна како што е „Бајки од Македонија“ е вистинска привилегија и голема радост. „Кога започнавме со овој проект сакавме да ја поттикнеме креативноста кај младите и да помогнеме во создавање на дело со трајни вредности.

Денес, кога ќе погледнам ретроспективно, со гордост можам да кажам дека резултатите ги надминаа сите наши очекувања. Нашата посветеност и ентузијазам создадоа жива култура, а ‘Браво сине!’ помогна да се создадат нови културни форми за уметнички израз. Нашата заложба е македонското книжевно и културно наследство да продолжи да живее и да биде достапно за новите генерации. Затоа особено нè радува што ‘Силјан Штркот’ добива нова форма, прилагодена на најмладите читатели. Ние ќе продолжиме да создаваме и со иста посветеност ќе бараме нови можности за македонската креативност“, нагласи Пеева Лауренчиќ. Во рамките на досегашната соработка помеѓу Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ издадени се 80 бајки и четири басни од Македонија.

На досегашните јавни конкурси за креирање на овие дела се пријавиле над 100 илустратори и повеќе од 300 автори кои доставиле повеќе од 440 текстови. Дел од изданијата на бајките и басните од Македонија се преведени на седум светски јазици, како и на Брајовата азбука, а добитници се и на бројни домашни и меѓународни награди и признанија. „Силјан Штркот“ е едно од врвните остварувања на македонската народна проза, во кое се испреплетуваат реалното и фантастичното, а приказната за Силјан отвора теми за растењето, одговорноста, семејството, непослушноста и последиците од сопствените избори. Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“, посочи дека Силјан Штркот е една од оние приказни со кои треба да расте секое дете. „Со објавувањето на оваа сликовница ја продолжуваме нашата долгогодишна мисија книжевното наследство да го доближиме до новите генерации читатели, на јазик и во форма што ќе им бидат блиски, без да се изгуби вредноста на оригиналното дело.

Токму затоа особено нè радува што ‘Силјан Штркот’ сега ‚одлетува’ од големата книга ‘Бајки од Македонија за цела година’ и добива свое самостојно издание, наменето за најмладите читатели“, истакна Бугариска. Во ова дело јасно се препознава и големината на Марко Цепенков како раскажувач. „Силјан Штркот“ е сложено дело во кое народниот јазик, фантастиката, хуморот, поуката и психолошката нијансираност се испреплетуваат во единствена целина. Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“ го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија, Иво Лауренчиќ, кој во текот на целиот свој работен век им даваше несебична поддршка на младите и ги поттикнуваше да го изразат својот креативен потенцијал.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Дејствуваат три „воздушни трактори“, заштитивме неколку манастири, сѐ уште е активен пожарот кај Чаниште, но не загрозува некое село

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова, или некое друго село.

Муцунски: Подготвени сме да ги спроведуваме реформите, но бараме нашиот напредок да се вреднува според резултатите, заслугите и европските критериуми

На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република Петр Мацинка. Во средиштето на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на заемните односи и потврдувањето на постојаната чешка поддршка за европската интеграција на Македонија.

Вреди: Блиските на Артан тргнаа против бандата во ДУИ и „вечниот“ Ахмети, кој пак ја игра старата двојна игра!

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ.

Од 20 до 30 август Kарпош станува културна сцена: Започнува „Карпошово културно лето’’

Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов –Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ Карпош

Мацинка: Приоритетна цел на Чешка е Македонија да стане час поскоро членка на ЕУ

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно таа час да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски.

Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ е приоритет за Република Чешка

Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава

Најнови вести

To top