Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова пречекана од италијанскиот претседател Матарела и премиерката Мелони

Македонската претседателка со првите луѓе на осмата економија во светот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во градот Таранто во Јужна Италија била пречекана од италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерката Џорџа Мелони.

,,Задоволство е да се дружите со политичари од висок ранг, собрани на спортски настан, особено кога домаќин е мојот колега, италијанскиот претседател Серџо Матарела, придружен од италијанската премиерка Џорџа Мелони”, објави претседателката Сиљановска-Давкова која се заблагодарува за поканата и топлиот прием којшто Матарела го приредил во чест на шефовите на делегациите, непосредно пред свеченото отворање на 20. Медитерански игри во Таранто.

,,Со гостите од три континенти од 20 различни држави, чувствувам обединувачки дух и подготвеност за пријателството и соработка меѓу народите”, порачува Сиљановска-Давкова од Медитеранските игри во Италија каде денеска се сретна со македонските спортисти.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top