Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информирал за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика.

Двајцата соговорници разговарале за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и градежништвото.

,,Гувернерот оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст, но дека треба внимателно да се следат увозната зависност и цените на храната и енергијата.

Соговорниците се согласија дека стручните и компетентни човечки ресурси се клучни за успешното функционирање на Народната банка и за одржување на финансиската стабилност на земјата. Гувернерот до Собранието доставил предлог за избор на трет вицегувернер”, се вели со соопштението од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова од каде се додава дека макроекономската стабилност и здравиот финансиски систем остануваат приоритет за напредокот на државата.