Македонија

Таравари: Политички архитект на ВРЕДИ беше Албин Курти

Косовскиот премиер имал значително влијание врз одлуката на лидерот на АА да се приклучи на ВРЕДИ

 

Лидерот на Албанската националистичка партија, Арбен Таравари, даде силна изјава во врска со вмешаноста на премиерот на Косово, Албин Курти, во формирањето на коалицијата ВРЕДИ во Македонија, објави порталот Телеграфи.

Таравари изјави за „Еуроњуз Албанија“ дека Курти имал значително влијание врз неговата лична одлука да се приклучи на ВРЕДИ. Тој дури оди и подалеку опишувајќи го премиерот на Косово како архитект на оваа коалиција на Албанци во Македонија,

„Тој дефинитивно имал влијание. Често велам дека политичкиот архитект на ВРЕДИ беше господинот Курти, и без неговите гаранции немаше да ја донесам одлуката да се приклучам на ВРЕДИ“, рече Таравари.

Коалицијата ВРЕДИ, според Таравари, се покажа како нефункционална и нестабилна.

Тој нагласи дека ја напуштил коалицијата бидејќи соработката со другите партии во ВРЕДИ била „летаргична“ и неефикасна.

Таравари призна дека, во еден момент, сите членови на коалицијата се согласиле дека внатрешното функционирање е слабо и одлучиле дека до локалните избори, секој ќе дејствува независно.

„Но, како лидер на партијата, имам обврска да размислам каде ќе биде мојата партија во 2026 година и понатаму. Ако го оцениме напредокот до локалните избори, мислам дека не сме постигнале многу. Поразумно е Алијансата за Албанците да следи јасен пат и да се развива како независна партија што функционира самостојно“, заклучи тој.

Најнови вести од: Македонија

Заврши изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје , светата литургија ќе се одржи на 28. Септември

На 28 септември 2025 година, во центарот на Скопје ќе биде свечено осветен новиот православен храм посветен на светите цареви Константин и Елена, во присуство на верници и високи црковни достоинственици

Во Уставот треба да врати грижата за Македонците од соседните држави, а не да се ставаат „државотворни Бугари“ и со нив агенда за распад на Македонија! (1)

Денес се навршуваат 35 години од донесувањето серија амандмани на Уставот на тогашна Социјалистичка Република Македонија во Собранието, меѓу кои беше и амандманот 58. Со него за првпат беше воведена одредба во еден устав на самостојна и независна Македонија, која се однесуваше на обврската за грижа за македонското малцинство во во Грција, Бугарија и другите соседни држави. Но, поради „Преспанскиот“ и „Бугарскиот договор“, прифатени од претходната Влада, македонската држава се откажа од македонските национални малцинства во тие земји.

Претседателката на Македонија по повод 80-годишнината на ОН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право, потсети претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Најнови вести

To top