Македонија

Идејата за Бадентер во Владата и во Уставниот суд е наша, се пофали Села

Лидерот на дел од Алијанса за Албанците обвини дека некој се обидува да им ги присвои идеите на конгреси, алудирајќи на ДУИ

Лидерот на крило во Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека идејата за уставен референдум во Уставниот суд е идеја на неговата партија и дека некој се обидува да ја присвои на конгресите, алудирајќи на ДУИ.

„За жал, а можеби за среќа, се гледа дека другите партии веќе ги претвораат нашите предлози во политички акти на конгресите што ги одржуваат. Идејата за гласање според Бадентер во Уставниот суд беше наша идеја, на Алијанса за Албанците, како што е и идејата за формирање на Влада според Бадентер. Ова се теми за кои би разговарале“, изјави тој.

Пред почетокот на денешната седница на Собранието на АА на Села му беше поставено прашање дали ќе се дискутира и за влегување во Владата, на што тој одговори дека приоритет во моментов е консолидација на партијата.

 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top