По повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организира традиционална крводарителска акција во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Долна Матка.
Акцијата ќе се одржи во два термини:
на 28 август (петок): од 10:00 до 16:00 часот
Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата и со дарувањето крв да помогнат некому да го спаси животот.