Македонија

Ако МРТ и националните телевизии имаат докази за криминал да пријават во обвинителството – АВМУ бара да не се лаже јавноста

Ако има докази за криминал националните телевизии да ги достават до Јавното обвинителство

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Република Македонија.

Реакцијата дојде по објавата на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ кои упатија жестоки обвинувања до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги тврдејќи дека регулаторот им овозможува на каналите „Arena M1“, „Arena M2“ и „Arena M3 Premium“ да работат спротивно на законот. Според телевизиите, АВМУ реагираше со категорично отфрлање на овие наводи како неосновани.

Од ММА и МРТ истакнуваат дека поседуваат материјални докази кои покажуваат дека овие спортски канали со години функционираат без домашна дозвола за емитување, иако целокупниот производствен процес се одвива во земјава.

Телевизиите бараат Обвинителството и МВР да испитаат дали е направена штета врз државниот буџет, кој е одговорен во АВМУ и дали има неовластено користење на премиум спортски ТВ-права.

АВМУ во реакцијата вели постапува исклучиво во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Постапувањето на Агенцијата во конкретниот случај се заснова на релевантна доставена документација, како и на информации и податоци добиени од надлежни институции во Република Македонија и од релевантни странски субјекти.

Врз основа на расположливата документација и добиените информации, предметните програмски сервиси се третираат како странски програмски сервиси кои се реемитуваат, а не како домашни телевизиски сервиси што емитуваат програма на територијата на државата, имајќи предвид дека нивниот изворен сигнал не се емитува на територијата на Република Македонија.

Агенцијата особено ги отфрла инсинуациите дека со своето постапување овозможува заобиколување на законските обврски или дека постои каква било незаконитост во постапувањето на Агенцијата и нејзините службени лица.

,,Доколку ММА и МРТ располагаат со наводни докази за незаконско постапување на Агенцијата ги повикуваме истите да ги достават до надлежните институции. Во меѓувреме, посочуваме дека е недозволиво исклучиво поради сопствени интереси да се шират неосновани квалификации и инсинуации кои создаваат впечаток за незаконито или произволно постапување на регулаторот”, се вели во реакцијата на АВМУ.

Најнови вести од: Македонија

МАНУ го препозна бакарот и повика на одржливо рударство – Дали проектот „Иловица-Штука“ ќе е тест за индустријата?!

Стратегијата на МАНУ ги препознава бакарот, среброто, златото, оловото, цинкот, никелот, хромот, манганот, но и значаен број на наметалични минерални суровини, како и јагленот и водата за пиење.

Објавена конечната ранг-листа за Средното полициско училиште „7-ми Мај“

МВР ја објави конечната ранг-листа на примените ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ и ги информира кандидатите за понатамошните чекори пред почетокот на школувањето. Примените ученици на 1 септември 2026 година во 10 часот треба да бидат присутни во Полициската академија на МВР во Идризово, заедно со еден родител, старател или законски застапник, кој […]

Привремено се затвораат подрачните училишта во Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче во делчевскиот крај, нема ученици

Четирите подрачни училишта во општина Делчево привремено ќе престанат со работа, поради големото намалување на бројот на ученици и високите трошоци за нивно одржување. Одлуката беше изгласана на седница на Советот на Општина Делчево по спроведената постапка за оптимизација на училишната мрежа.

Барањата на земјоделците се легитимни, премиерот рече дека Владата ќе направи се да им помогне

Премиерот оцени дека барањата на земјоделците струмичко кои најавија протести се легитимни и владата преку механизмите кои ѝ стојат на располагање ќе направи се што е во нејзина можност за да им помогне.

Водата во четири тетовски села е забранета за пиење!

„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица дека, по извршените анализи за квалитетот на водата, е утврдено оти водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење. Поради тоа, се забранува користење на водата за пиење сè до следното известување од надлежните институции”, соопшти тетовското јавно комунално претпријатие (ЈКП) „Шар“.

Шахистките на ШК „Алкалоид“ ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

Продолжија возбудувањата на екипните првенства на Македонија во шах во машка (10 екипи) и женска конкуренција (седум екипи) во Струга. Во дербито кај шахистките, бранителот на титулата Алкалоид го победи МШК Центар со 2,5-1,5 поени, а кај шахистите водечките екипи, актуелниот шампион Алкалоид и Гамбит Ассеко СЕЕ го задржаа водството со по максимални пет победи.

Најнови вести

To top