Јован Боровчански објавува лично искуство кое враќа надеж дека меѓу Македонците и воопшто меѓу сите граѓани има добри и чесни луѓе.
Во време кога луѓето генерално се разочарани и кога многумина мислат дека лошотојата е главна човечка особина Боровчански раскажува за лично искуство кое сите може да не направи подобри луѓе или барем не прави свесни дека добрината и хуманоста е суштинска човечка карактеристика.
,,Друштво здраво на сите, сакам да споделам искуство што ми се случи вчера во трговскиот во Бутел. Ми испаднал новчаникот додека сум го земал точакот од сервис или додека сум го местел во кола, а не сум приметил. Ова се случува некаде околу 4-4 ипол поппладне на 40+ степени. Во новчаникот имав 4.000+ денари, возачка дозвола, лична карта, дебитна картица, кредитна картица, службена картица и други лични ствари кои ми се важни. Некој чесен човек го нашол и го предал на извесен Виктор Митковски-млад дечко што работи во Златна Копачка во трговскиот во Бутел”, раакажува Боовчански, кој открива дека потоа бил контактиран на месинџер за да дојде да си го земе паричникот.
,,Иако било кој од нив двајца можел да си ги земе парите и да го фрли новчаникот, тие постапија многу човечки и чесно. Виктор никако не прифати парична награда па морав да го “подмитам” со ствари од продавница како благодарност за неговата добрина. И бидејќи тоа е најмалце што можам да направам, го пишувам овој пост да ги направам славни Виктор и другиот за жал незнаен јунак во оваа моја приказна, да бидат пример дека сеуште има надеж за нас, дека сеуште има чесни и добри луѓе. Јас вчера среќата што ја чуствував им ја посакав од дното на душата, да ги прати цел живот и оваа добрина да им се врати повеќекратно. Уште еднаш големо благодарам, слава ви!!!”, пишува Боровчански.