Македонија

Сообраќајка го затвори патот Струмица–Берово

Несреќата се случила синоќа во 22:10 часот на местото викано „Сарајска раскрсница“

Регионалниот пат Струмица – Берово од утрово е во целосен прекин поради сообраќајната незгода информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Несреќата се случила синоќа во 22:10 часот на местото викано „Сарајска раскрсница“.

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот од утрово се одвива непречено со зголемена фрекфенција на возила и наместа по влажни коловози.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нема место за двојни стандарди во евроинтегрирањето, кое не смее да биде оптоварено со историски, јазични и идентитетски прашања!

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ. Двајцата претседатели одржаа „лице-в-лице“ средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација, кои во средиштето на вниманието ги ставија традиционално пријателските заемни односи. Со тоа започна дводневната официјална посета на Сиљановска-Давкова на Хрватска. На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на европските интеграции.

Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт

Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку Министерството за транспорт

Најнови вести

To top