Македонија

Политичкото ток-шоу „Колегиум“ стартува во понеделник на Алфа

Десетина колеги со отворен ум ќе размислуваат за денешницата, за перспективите кои ни претстојат, ќе набљудуваат, ќе анализираат, ќе дебатираат за актуелните политичко општествени случувања

Првиот новитет што телевизија Алфа го најавува за претстојната 2026/2027 ТВ сезона е новото дебатно ток-шoу „Колегиум“. Оваа емисија ќе се емитува од понеделник до петок во 18:10 часот, веднаш по централните вести, заменуваји ги досегашните класични политичко-дебатни емисии на Алфа.

Во новата сезона „Колегиум“ на Алфа ТВ – нов концепт, нова динамика и уште поактуелни теми. Десетина колеги со отворен ум ќе размислуваат за денешницата, за перспективите кои ни претстојат, ќе набљудуваат, ќе анализираат, ќе дебатираат за актуелните политичко општествени случувања и ќе заклучуваат.

Аналитичарот Сотир Костов ќе биде постојан домаќин на емисијата, а покрај него, секоја емисија ќе има и по еден гостина и двајца новинари од Алфа.

Па така, друштво на Костов ќе му прават познатите ТВ лица на Алфа и тоа Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска, Паула Костадиноска Костиќ, Љупчо Цветановски, Искра Коровешовска, Елена Марковска, Драган Милосавјевиќ и Бојана Димитријевска Марковска.

Покрај познатите експерти и имиња кои се појавуваат во медиумскиот простор со години, Алфа најавува проширување на спектарот на лица кои ќе се појавуваат на малите екрани, најавувајќи нов шмек и поголема креатива на досегашните политички емисии.

Најнови вести од: Македонија

Напаѓаат сè што е добро за државата, знаат само за „развој“ на марихуана

Од она што го гледавме во време на нивното владеење тие знаат само за развој на марихуана Македонија, за разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата центрите, кои се иднината на Македонија

Нов голем успех за македонскиот филм „17“ – награда и во Херцег Нови

По големиот успех на Сараевскиот филмски фестивал и низа други престижни меѓународни фестивали, македонскиот долгометражен филм „17“, во режија на Косара Митиќ, ја освои Златната мимоза за режија на 39. Филмски фестивал во Херцег Нови

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Вaлканов, раководството предводено од Георги Вaлканов, директорот Владимир Темелковски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, раководителот на рудникот „Тораница“, Денис Ѓоргиевски, како и претставници на државните институции, локалната самоуправа, деловни партнери и соработници

Муцунски од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за израелските туристи, туку и за израелските компании. Можеме да бидеме и влезна точка за израелските инвеститори кон европски пазар чиј потенцијал сè уште не е целосно искористен од израелската бизнис-заедница

To top