Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ денеска во Кристалната сала на Собранието ќе ги врачи највисоките признанија за животно дело и за спортски достигнувања во 2026 година.
Трајчо Димков е годинашниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план во борењето.
Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери (селектори) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Димче Ангелов, Ацо Крстов, Дејан Ангеловски и Ангел Мицевски.
Со оваа свеченост се одбележуваат најзначајните спортски успеси и долгогодишниот придонес на личности кои ја афирмираа Македонија на меѓународната сцена.