Македонија

Фала на поддршката ама и вие и СДСМ сте исти – Филипче ,,си го доби” од српските студентите

Српските студенти му одговорија на Филипче дека и тој е ист како тие против кои се борат

Српски студент како глас на српските стденти упатува јасен и директен одговор до македонскиот политичар Венко Филипче, откако тој јавно им изрази поддршка и го нарече српскиот претседател Александар Вучиќ „криминалец“.

Во реакција на неговата објава на Твитер студентот најпрвин му се заблагодарија на Филипче за поддршката, но веднаш потоа му го расипа денот:

„Фала за поддршката, но она што го прави Александар Вучиќ, а што порано го правеше и Гуевски, е истото она што го правеа Заев и СДСМ. Сите тие го сакаат истиот тој систем и се дел од него. Никој не е подготвен да го промени системот. А токму тоа го сакаат студентите – не имиња, туку СИСТЕМОТ! СТУДЕНТИТЕ ПОБЕДУВААТ 3️⃣🇷🇸“, гласи одговорот до Филипче.

Со оваа порака студентите јасно нагласија дека нивната борба не е насочена против поединци, туку против целиот систем кој, според нив, го одржуваат и српските и македонските политички елити – од Вучиќ и Груевски, до Заев и СДСМ.

Овој одговор доаѓа во момент кога студентските протести во Србија продолжуваат да привлекуваат големо внимание во регионот, а изјавите на странски политичари сè почесто се користат како обид за политичка поддршка.

Не сака да се меша во српските внатрешни работи и го обвини Вучиќ дека е крадец, диктатор и криминалец

Мешањето на Филипче и студениот туш од студентите за него во неговата објава:

Најнови вести од: Македонија

To top