Македонија

Пукање во скопски Дуќанџик – убиен 25 годишник (ВИДЕО)

Младиот маж починал на Ургентниот центар

Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон група од петмина скопјани, при што бил погоден 26-годишниот А.М., кој подоцна починал во болница. Министерството за внатрешни работи ги соопшти првите официјални детали за синоќешното убиство.

Пукањето било пријавено на 6 септември околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

Според МВР, во моментот на нападот Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма.

Тогаш пред нив застанал мотоцикл со две лица. Од мотоциклот било пукано со огнено оружје кон групата, по што напаѓачите побегнале.

Еден од проектилите го погодил А.М. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.

Од МВР засега не соопштуваат дали напаѓачите се идентификувани, ниту што е можниот мотив.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top