Македонија

Утрово земјотрес во Македонија

Магнитуда 3,9 според Рихтер

Утрово во 5 часот и 40 минути е регистриран земјотрес со локална магнитуда 3,9 според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил во подрачјето Охрид–Струга, на околу 135 километри југозападно од Скопје.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил почувствуван во југозападните делови на земјата, особено во Охрид и околината.

Интензитетот достигнал IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top