Хроника

Полициски претреси на 32 локации, проверка и во службени простории на МВР – сомнежи за незаконски дејства околу возачки дозволи!

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека спроведуваат акција со претреси на повеќе локации, поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Од Обвинителството соопштуваат дека врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР.

-Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази, поради сомненија за кривично дело „фалсификување исправа“ согласно со  Кривичниот законик, појаснуваат од Обвинителството.

Најнови вести од: Хроника

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани Дејан Јованов (Деко) ќе излезе наскоро од притвор

На 3 октомври првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани, Дејан Јованов (Деко) ќе излезе од притвор, потврдил Кривичниот суд за ТВ Телма. Според Законот за кривичната постапка, тој може да биде во притвор максимум една година од оценката на обвинението.

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово. Потоа во Секторот за внатрешни работи Тетово разговараше со раководството за безбедносната состојба, проблемите и резултатите од работењето.

To top