Хроника

Уапсени тројца за убиството во Ѓорче Петров

Ова беше второ убиство во Ѓорче Петров во последните 5 дена откако минатата недела МВР информираше дека 62-годишен маж со траги на насилство е пронајден во сопствениот дом

Откако вчера во Ѓорче Петров 76-годишната О.А. беше пронајдена мртва во сопствениот дом од страна на нејзината ќерка, полицијата во експресна акција им влез ево трага на осомничените и уапси три лица, неофицијално дознава порталот Прес24.

Телото на убиената О.А. било со тешки и видливи траги од брутално насилство

Според соседите, жената три години живеела сама, а последен пат била видена завчера. Во текот на ноќта, пред да биде пронајдена мртва, соседите не забележале ништо невообичаено.

Ова е второ убиство во Ѓорче Петров во последните 5 дена. Минатата недела МВР информираше дека 62-годишен маж со траги на насилство е пронајден во сопствениот дом.

Според неофицијалните сознанија на медиумите, зад морбидната серија злосторства стои најнискиот мотив – користољубие и пари.

Како што наведува Прес24, жртвите прво биле убиени, па ограбени.

Најнови вести од: Хроника

To top