Хроника

Нападнал полицаец, кој го фатил додека продава дрога

На 27.10.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишија од слобода А.С.(27) од с.Лојане, општина Липково.

А.С. бил затекнат во с.Лојане при обид да купи дрога од Б.М..

Во обид да извршат проверки над нив, Б.М. го стартувал патничкото возило „бмв“ и од прозорец нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, по што побегнал.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

To top