Свет

Мухамед – најпопуларно име за машки бебиња во Англија и Велс

На листата најпопуларни се најдоа и други варијации на името како Мохамед и Мохамад…

Втора година по ред (2023 и 2024) Мухамед е најпопуларното име кое било давано на машки бебиња родени во Англија и во Велс.

Имињата Ноа и Оливер го зазедоа второто и третото место, исто како и во 2023 година.

Според Би-Би-Си, Оливија и Амелија ги зазедоа првите две места за девојчиња трета година по ред, додека Исла падна од третото место и беше заменета со Лили.

Листата ја објави Канцеларијата за национална статистика (ONS), која ја составува листата врз основа на податоци од матичните книги на родени.

Мухамед го задржа своето прво место како најпопуларно машко име, со 5.721 бебиња на кои им било дадено ова име.

На листата се најдоа и други варијации на името како Мохамед и Мохамад.

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top