Хроника

Трагичен крај на потрагата по исчезнатиот скопјанец

Телото пронајдено во Охридското Езеро

Трагичен епилог доби потрагата по 31-годишен скопјанец, кој претходно бил пријавен за исчезнат во Охрид.

На 15 септември во 22 часот, по преземени мерки од полициски службеници од Езерската полиција и од СВР Охрид, во водите на Охридското Езеро бил пронајден починат Б.С. (31) од Скопје. Телото било лоцирано во близина на автокампот, на околу 50 метри од копното.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а препознавањето на починатиот го извршил член на неговото семејство.

По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди околностите и причината за смртта.

Б.С. претходно бил пријавен за исчезнат на 14 септември во 18:10 часот во СВР Охрид. Пријавата ја поднел неговиот татко, З.С. (68) од Скопје, кој посочил дека неговиот син исчезнал додека заедно престојувале во автокамп во Охрид.

Најнови вести од: Хроника

Втора кривична пријава против Ќира – овојпат незаконски разрешил директор на училиште и поставил друг, иако не исполнува услови

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга Менди Ќира, поради сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Ќира доби кривична пријава и во април годинава, бидејќи на 18 ноември 2025 година назначил вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, и покрај тоа што знаел дека кандидатот не ги исполнува законските услови.

Кривична пријава за поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски за несовесно работење и две службенички од Општина Карпош за злоупотреби

Постапувајќи според наредба од Основното јавно обвинителство од Скопје, Секторот за економски криминал на скопската полиција поднесе кривична пријава против Благица Блажевска за четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Симона Серафимовска-Ѓуреска за две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против против Стевчо Јакимовски за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

To top