Македонија

Стравичен напад врз лидерката на ЛДП од властите во Софија

Наместо суштинска дебата, одредени кругови одговорија со лични напади и клевети

Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, директно од Софија упати јасна и храбра порака до бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и бугарските власти: време е конечно да се прекине со ирационалните условувања и да се покаже вистинска европска поддршка за Македонија.

Зајкова отворено порача дека добрососедството и европскиот дух се градат со поддршка, дијалог и взаемно почитување, а не со постојани пречки, блокади и уцени кон македонскиот народ. Додека одредени кругови во Софија со години користат вето и непринципиелни барања за да ги кочат македонските евроинтеграции, Зајкова доследно и храбро го брани правото на земјата конечно да го заземе заслуженото место во Европската Унија.

Немоќта да се соочат со реалноста и со аргументите на Зајкова ги натера одредени медиумски и политички центри во Софија да прибегнат кон валкана кампања. Наместо суштинска дебата за европската иднина, против лидерката на ЛДП се упатуваат најниски лични навреди и клевети.

Нашата редакција доследно се држи до професионалните новинарски стандарди и нема да ги објави овие срамни конструкции и лаги, бидејќи станува збор за изолирани лични напади чија единствена цел е да се дефокусира јавноста од вистинските теми.

Оваа позиција на Зајкова е јасен доказ дека Македонија нема повеќе време за губење во политички игри. Наместо Бугарија да измислува нови пречки и да се служи со ниски удари, редно е Софија конечно да покаже конструктивност и вистинско пријателство, оставајќи ги притисоците во минатото.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

To top