Свет

Афера во Украина: Се купувале дронови по „надуени“ цени

Пратеник, локални службеници и неодреден број офицери на Националната гарда земале мито

Украинските антикорупциски власти откриле масовна корупциска шема што вклучувала купување воени беспилотни летала и системи за блокирање на сигналите по надуени цени, два дена откако независноста на агенциите беше обновена по големите протести, објави Ројтерс.

Независноста на украинските антикорупциски истражители и обвинители, NABU и SAPO, беше обновена од парламентот во четвртокот откако обидот да им се одземат овластувањата предизвика најголемите демонстрации во земјата од руската инвазија во 2022 година.

Во соопштението објавено од двете агенции на социјалните медиуми објавија дека фатиле пратеник, двајца локални службеници и неодреден број офицери на Националната гарда како земаат мито.

„Суштината на шемата била да се склучат државни договори со компании добавувачи по намерно надуени цени“, се вели во соопштението, додавајќи дека сторителите добиле мито до 30% од вредноста на договорот. Четири лица беа уапсени.

„Може да има само нулта толеранција за корупција, јасна тимска работа за разоткривање на корупцијата и, како резултат на тоа, фер пресуда“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top