На другите земји-кандидати кои се во „порана фаза од процесот“, како Косово, Македонија и Босна и Херцеговина, нема да им бидат понудени овие патокази, затоа што не се политички „интересни“ за политичарите од ЕУ. Истото важи и за Грузија, Србија и Турција.
Овој пристап наводно содржи „патокази“, кои појасно ќе дефинираат што точно се очекува од секој кандидат. Во исто време ќе се дефинираат и обврски за сегашните членки на ЕУ, кои треба да дадат согласност, за да продолжи процесот.
Ревизијата на политиките, предводена од Александар Адам, близок советник на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, треба да биде претставена на 6 октомври, а шефовите на држави од ЕУ ќе расправаат за темпото за прием на нови членки на самитот во Брисел на 15 и 16 октомври.
Фон дер Лјен оваа недела оди на турнеја низ Западниот Балкан на разговори со лидерите на Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово. Ќе ги заобиколи Босна и Херцеговина и Србија, кои се пред избори.