Свет

Иран нуди награда за убиен или заробен американски војник

Мажите ќе добијат сума во противвредност од приближно 17.500 евра, додека жените ќе добијат околу 35.000 евра

Иранската армија нуди парични награди за припадници на американската војска кои ќе бидат убиени или заробени откако ќе влезат на иранска територија, пренесува Yahoo.news

Секој што ќе убие американски војник кој влегол во Иран како напаѓач и ќе го предаде телото, или пак ќе го зароби војникот жив, ќе добие награда, соопшти портпаролот на армијата, Амир Акраминија.

Мажите ќе добијат сума во противвредност од приближно 17.500 евра, додека жените ќе добијат околу 35.000 евра.

САД и Израел ја започнаа војната против Иран кон крајот на февруари, изведувајќи воздушни напади од големи размери низ целата земја.

Тековниот конфликт останува нерешен, а преговорите се во застој со месеци.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

To top