Седумнаесет лица се уапсени, а запленети се повеќе луксузни автомобили, голема сума пари, девизи и денари, како и одредена количина дрога. Ова се првичните неофицијални информации за исходот од денешната голема полициска акција, која МВР и ОЈОГОКК уште од раните утрински часови ја спроведоа во Скопје, Струга и Прилеп.
Во Прилеп беа извршени претреси на околу 30 локации во градот и на поширокото подрачје. Операцијата е координирана и е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална група, во која, според првичните неофицијални информации, можно е да биле вклучени и лица од полициските структури, кои, исто така, се под лупа на истрагата.