Министерот за одбрана Влдо Мисајловски во интервју за Канал 5 го повтори ставот на Владата за членството во Европската унија како стратепка цел на Македонија, но не по секоја цена.
„Зошто сè ние нешто треба да смениме? Јас често пати велам: ‘Името е променето, променета е химната, променето е знамето, банкнотите се сменети’. И ова го кажувам: ‘И во опозиција велевме дали е ова последното нешто?’ Јас ова го кажувам поинаку бидејќи сум имал можност да работам и во МНР, јас бев дел од таа комисија за добрососедство. Бев дел тогаш кога не сакавме да прифатиме да нема реципроцитет, да немаме сега проблеми како ‘заедничката’ историја. И секогаш кога тоа не било прифатено, доаѓа Влада на СДСМ, ветува и дури сега во изјавите гледате дека има изјави кон Бугарија од македонски политичари, од претседателот на СДСМ и други“, изјави Мисајловски.
„Ако ние сме таму, во тоа семејство, во таа Унија, НАТО, разговараме за воена помош, за трошење средства, одвојуваме исти проценти од буџетот, зошто не сме еднакви во друго семејство кое е навидум скоро слично?“, праша Мисајловски во емисијата „Само интервју“.