Треба да му се верува на високиот функционер на СДСМ, и моментално еден од членовите на неформалната група 12: 05 кога отворено се сомнева во актуелниот рејтинг на опозициската партија предводена од Венко Филипче
Петров во 1998 година станал член на СДСМ. Бил заменик шеф на Изборен штаб на ОО СДСМ во Карпош на парламентарни избори 2002 година, шеф на Регионалниот изборен штаб на ИЕ 1 во 2006 година на парламентарни избори, шеф на Градскиот изборен штаб на претседателски и локални избори 2009 година. Во периодот од 2003 до 2005 година бил секретар на ОО СДСМ Карпош, а од 2006 до 2009 година станал член на извршниот одбор на СДСМ.
Во периодот од 2003 до 2008 година бил градоначалник на Општина Карпош. Во периодот од 2005 до 2008 година ја вршел функцијата претседател на заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) а воедно ја вршел и функцијата шеф на делегацијата на Македонија во Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.
По Парламентарните избори во 2008 година станал пратеник во Собранието на Македонија.
Во гостување на 4Њуз, тој вели дека актуелниот рејтинг на партијата е некаде помеѓу 7 и 8% или, изразено во бројки, не повеќе од стотина илјади поддржувачи на партијата што ја води актуелниот лидер Венко Филипче.