Македонија

Ристов: Преку ден струјата веќе не е најскапа

„Имаме евтина енергија преку ден, кога има хиперпродукција од фотоволтаиците, а навечер, кога ги нема, електричната енергија може да биде поскапа“, изјави претседателот на Регулаторната комисија

Регулаторната комисија анализира и најавува дека се можни се промени во периодите во кои домаќинствата плаќаат пониска цена,најави вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, во интервју за „4ТВ“.

Тој вели дека конечна одлука сè уште нема, бидејќи Комисијата ги очекува податоците и барањата од енергетските компании за следниот тригодишен регулиран период.

Според него, еден од клучните проблеми е што постојниот модел е создаден во услови на енергетска криза, кога електричната енергија била најскапа во текот на денот. Во меѓувреме, со масовното производство од фотоволтаични централи, ситуацијата на пазарот значително се промени.

„Имаме евтина енергија преку ден, кога има хиперпродукција од фотоволтаиците, а навечер, кога ги нема, електричната енергија може да биде поскапа“, посочува Ристов.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата понудена од првообвинетиот за пожарот во Дискотекта „„Пулс“

Понудениот недвижен имот бил предмет на извршна постапка и не можел да биде оптоварен со хипотека, а камоли да се реализира како средство за обезбедување од амбри, шупи и штали

To top