Македонија

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Да пренесеме порака до младите дека овие луѓе треба да се слават и секоја генерација треба да знае за хероите што го дале животот за Македонија. Тоа се хероите на државата, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски на отворањето на Централниот меморијален турнир во мал фудбал, посветен на загинатите бранители од 2001 до 2015 година. Пред членовите на семејствата на загинатите и фудбалските екипи, Мисајловски порача дека ваквите немили настани не треба да се повторат, но дека преку спортот и заедничките активности се гради споменот за оние кои ги загубиле животите.

  • „Сме имале немили настани, да не се повторат, но затоа со вакви спортски игри, меѓународни активности што ги имаме и во Министерството сакаме да покажеме и да придонесеме дека со различни спортски дисциплини, со фер-плеј и со една заедничка стратегија сите генерации да се сплотат во оваа енергија и во оваа прилика да покажеме кон целиот македонски народ, кон сите, дека овие херои не се заборавени“, рече Мисајловски.

Министерот нагласи дека секој припадник на безбедносните институции кој ја носи униформата има значајна улога за државата.

  • „Сакам во мое лично име да се заблагодарам на сите оние што ја носат униформата, секој еден ден, без разлика на локацијата, настанот, вежбата или акцијата, и тоа го прават заради Македонија. Го почитувам тоа што го правите и верувајте дека Министерството за одбрана, БЈБ и МВР секогаш ќе бидат тука“, рече Мисајловски.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакна дека турнирот се одржува со цел да се зачува споменот на бранителите кои ги загубиле животите. Јанев сподели дека во 2001 година и самиот загубил другар и колеги со кои делел училишни клупи.

  • „Нашата обврска, еве и јас од мое лично име како прв човек на БЈБ, е да имаме уште поголема и подлабока мотивација да го негуваме споменот на нив, за животите што ги положија. Знам дека посебно е најтешко за семејствата и дека ниту еден збор, ниту една традиција или симболичен момент не може да ја ублажи вашата болка. Меѓутоа, исто така знам дека ние даваме сè од себе како институции кои загубиле свои припадници и луѓе кои ги положиле своите животи. Сме правеле и ќе правиме и во иднина сè повеќе за вас, за да може таа болка да биде што е можно помала и да знаете дека не сте сами“, рече Јанев пред членовите на семејствата на загинатите бранители.

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Најнови вести од: Македонија

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

(Фото): Свечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар Карпош

По повод одбележување на 50 години од основање на Општина Карпош, во рамки на култниот спортски објект „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, беа официјално отворени Младинскиот Центар – Карпош (МЦК) и Ресурсниот Центар – Карпош (РЦК).

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Најнови вести

To top