Македонија

Битиќи би се вратил на местото потпретседател на СДСМ

Односите со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги оценува како коректни и професионални

Поранешниот потпретседател на СДСМ и актуелен пратеник Фатмир Битиќи, добил понуда повторно да се врати во раководните структури на партијата, како потпретседател на  партијата.

Битиќи даде оставка на  функцијата потпретседател на СДСМ по поразот на парламентарните избори во 2024 г.

„Размислувам, разговарам со сите страни и многу брзо ќе разговарам повторно со претседателот“, рече Битиќи.

Односите со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Битиќи ги оценува како коректни и професионални.

Во однос на меѓусебните обвинувања кои си ги упатуваат Филипче и поддржувачите на Платформата 12:05 и што е тоа што кај него, сепак, влева надеж за дијалог, Битиќи вели дека очекува кај двете страни да преовладаат интересите за доброто на партијата.

„Па јас сум убеден, верувајте убеден сум дека луѓето коишто ја сакаат партијата, ги почитуваат, ги сакаат социјалдемократските вредности, дека во суштина ќе се издигнат над можеби вообичаените, еве да не ги наречам со некој лош збор, надвор дневните нелагодности и ќе кажат океј, ќе оставиме се ова на страна, ајде да седнеме на маса, да видиме што е добро за партијата. Тоа се уште ми дава одреден оптимизам дека заедничката маса е решението“, вели Битиќи..

Запрашан „што ако тоа не се случи“, Битиќи со одговор:

„Па можеби само ќе им посакам среќа на двете страни“..

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

To top