Регион

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Во отворен судир меѓу полицијата и демонстранти, ескалираше синоќешниот протест пред зградата на парламентот на Косово откако демонстрантите се обидоа да го блокираат објектот и да не им дозволат на пратениците да излезат додека не ги изгласаат измените на законот за Специјалниот суд.

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата.

Измените на законот за Специјалниот судбеа усвоени во прво читање уште претпладне, но потребно беше да бидат усвоени и во второ читање за да стапат во сила.

Меѓутоа, несогласувањата меѓу владејачката партија на премиерот Албин Курти, Движењето Самоопределување (ЛВВ), и ПДК ја променија ситуацијата, па измените не беа ставени на гласање, што ги разгневи демонстрантите собрани пред Собранието.

Курти, во меѓувреме, изјави дека измените се „итни“ и дека неговата партија начелно ќе ги поддржи, но под услов пред нивното ставање на гласање во второ читање да биде избран нов претседател на Косово, со оглед на тоа што уставниот рок за негов избор истекува денеска.

Пратениците од партијата на Курти, Самоопределување, како што пренесе регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, биле видени како си заминуваат околу 19 часот, додека Демократската партија на Косово ги повикала да се вратат во парламентот.

Иницијативата на Демократската партија на Косово за измена на законот за Специјалниот суд во Хаг, меѓу другото предвидува, максимална казна од 15 години затвор, можност за жалба до Врховниот суд и издржување на казната во Косово.

Косовската полиција во интервенцијата пред парламентот успеала да ги отстрани демонстрантите од плоштадот „Скендербег“, кој е најблиску до зградата, објави Радио Слободна Европа.

За време на обидот на полицијата да ги растера демонстрантите што е можно подалеку од зградата на Парламентот, демонстрантите фрлале стаклени шишиња и пиротехнички средства кон полицијата.

Полициските службеници за контрола на масовни немири формирале кордон на еден од плоштадите во Приштина продолжувајќи да ги потиснуваат демонстрантите подалеку од зградите на владата и на парламентот на Косово.

Во судирите беа повредени 17 лица, од кои 11 демонстранти и шест полицајци, а тројца учесници на протестот беа уапсени.

Најнови вести од: Регион

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

To top