Македонија

Уапсен арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва

Полицијата го привела 65-годишниот жител на Арачиново, откако бил затекнат како во село Липково превезува огревни дрва без соодветна документација и не застанал на полициски знак „стоп“.

-Вчера во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне- соопшти полицијата.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

Опомени и казни: Инспекцијата на терен во општина Карпош

Покрај опомените до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Сопрено вакцинирањето во Македонија со вакцината БСЖ, се испитува случајот во Хрватска

Комисијата за имунизација во рамки на македонското Министерство за здравство (МЗ) заседавала по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, и во земјава се одложува привремено вакцинирањето со оваа вакцина, соопшти МЗ.

Стојаноски: Треба да си ептен наивен, за да мислиш дека ќе го смениме Уставот и нема да имаме натамошни пречки на патот кон ЕУ!

Како најмалуброен народ на Балканот треба да бидеме особено рационални и многу внимателно да ја поставуваме нашата стратегија, изјави претеникот Бојан Стојановски на гостувањето во „Колегиум“ на ТВ Алфа.

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош: 25 милиони евра годишно се давале на починати, иселени и фиктивни лица!

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

To top