Македонија

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош: 25 милиони евра годишно се давале на починати, иселени и фиктивни лица!

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

Мицкоски изјави дека меѓу лицата за кои државата исплаќала средства имало починати лица, иселени граѓани, но и фиктивни корисници. „До овој момент имаме повеќе од 4.500, значи не 45, не 450, туку 4.500 лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност“, рече Мицкоски.

Според премиерот, по направените анализи и теренските проверки, износот на средствата предвидени за исплата овој месец е за околу 200 милиони денари помал во споредба со истиот месец минатата година. -Како е тоа можно? Мможно е затоа што корисници биле починати луѓе, отселени луѓе, лажни луѓе и така натаму – укажа премиерот  Мицкоски.

Тој процени дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра. Проверките, како што посочи премиерот, сè уште не се завршени. Останува да бидат проверени уште приближно една петтина до една шестина од вкупниот број корисници.

Мицкоски најави дека контролите нема да завршат со системот за гарантирана минимална помош и социјална сигурност. Според него, слични проверки ќе опфатат и други области, вклучително и здравството, каде што, како што тврди, исто така постојат можности за заштеда на јавни средства.

Премиерот проверките ги оцени како реформа со потенцијален финансиски ефект од околу 25 милиони евра годишно. „Некој ќе рече: „Добро, па тоа е една обична проверка, за каква реформа зборувате“? Реформа која е 25 милиони евра“, рече Мицкоски. Тој додаде дека ако слични заштеди се постигнат и во други области, ослободените средства би можеле да се пренасочат кон капитални инвестиции, со кои, според него, би се создале услови за привлекување нови инвестиции.

Најнови вести од: Македонија

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

To top