Македонија Колумни

Бугарија го „киднапира“ македонскиот цар Самоил, за да ги пополни „дупките“ во идентитетот на Бугарите и на својата средновековна државност!

Пропагандниот циркус на 3 октомври 2026 година кога македонската, европската и светската јавност гледаа во Софија масовни сцени со пренесувањето на „посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во саканата татковина Бугарија“, на 6 октомври веќе задобива нови димензии: денешното поклонение пред наводните посмртни останки на средновековниот владетел претставува забрзување и кревање на највисоко рамниште на градењето на националниот идентитет и на историјата на Бугарите. Ова е длабоко и добро осмислена операција на идентитетски, историски и национален инженеринг, заснован врз масовно присвојување на идентитетски елементи на македонскиот народ и автентичната македонска историја. Градење преку крадење – од македонскиот за бугарскиот идентитет!

Пипшува: Свето Тоевски

„Воскреснаа мугрите на бугарскиот цар Самуил!“ – воскликнува еуфорично државната Радио Бугарија денес во „славеничката статија“ по повод 1012-те години од смртта на македонскиот средновековен владетел Самуил, кои се навршуваат денес, на 6 октомври 2026 година.„Кон крајот на 10-тиот и почетокот на 11-тиот век, животот на Самуил, генералот и владетел, се претвора во бескрајна војна за заштита на бугарската држава од Византија. Неговото срце не издржа кога ја виде својата бугарска војска, ослепена од византискиот цар Василиј II.“ – објави бугарското државно радио, пренесувајќи ги „научните искажувања“ на Георги Николов, професор по бугарска средновековна историја на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”.

Бугарската информативна агенција БНТ денес објави статија, во која, всушност, ги повикува Бугарите „за првпат да се поклонат пред неговите останки на 1012-тата годишнина од неговата смрт.“ „Ако не му затрепери срцето некому пред тие останки, тогаш тој не е Бугарин!“ – ги пренесува БНТ зборовите на еден Бугарин од „колоната, кои минуваат покрај мермерниот саркофаг и му се поклонуваат на својот владетел“.

Известувајќи за денешната „прослава на 1012-тата годишнина од смртта на бугарскиот владетел Самуил“, бугарскиот портал „Актуално“, дури донесува во статијата и некакви „историски факти“ дека „Скопје во 977 година веќе било и главен град на бугарската држава“!„Во 977 година, бугарскиот владетел го пречекал во Видин синот на царот Петар – Роман, кој успеал да избега од Византија. Роман бил признат како легитимен бугарски крал од Самуил и станал негов прв командант. По стапувањето на Роман на престолот Скопје Скопје станало новиот главен град на бугарската држава.“ – изнесува „Актуално“ во статијата.

Зошто претставува присвојувањето на симболот на македонскиот Цар Самуил операција на идентитетски, историски и национален инженеринг? Дилемите на Бугарите за нивното сопствено етничко потекло и јазик денес се дел од главните причини зошто тие посегаат по македонскиот идентитет, јазик и историја: бидејќи сѐ уште немаат осознаено што се и кои се, од кај се по потекло, па сето тоа го „разјаснуваат“ крадејќи ги идентитетот, јазикот и историјата на Македонците, кои се присутни на Балканот многу векови пред да дојдат на овие територии предците на денешните Бугари…

Бугарскиот народ сѐ уште нема свој оформен искристализиран национален идентитет, бидејќи ферментацијата, созревањето на слоевите на националниот идентитет трае многу векови. Бугарите имаат „комплекс на неосознаен етнички и лингвистички идентитет“, големи дупки и празнини во конструкцијата на својот национален и јазичен идентитет.

Бугарски граѓани во главната пешачка зона „Витоша“ во Софија
Бугари во главната пешачка зона „Витоша“ во Софија

Кои се и кои не се Бугарите? Од каде е или од каде не е нивното потекло? На ова прашање до ден-денес немаат јасен и конечен одговор самите бугарски научници, и тоа оние најелитните – нивните академици, а на прашањето „Кои се Македонците?“ ,сепак, уште од пред еден век имаат „јасен одговор“: „Македонците се Бугари, а македонската историја е бугарска.“

 Истражувањата, што ги вршел авторот на овој текст низ научната литература за потеклото на денешниот бугарски народ и јазик, поврзано со општата теорија и практика на идентитетот, укажуваат дека кај Бугарите можеби постои своевиден „македонски комплекс“, односно „комплекс на неосознаен идентитет“ во однос на Македонците. Колку повеќе „јуришаат“ Бугарите на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската национална историја, толку повеќе се неуспешни нивните обиди со „македонскиот материјал“ да ги пополнат големите и длабоки „дупки“ во нивниот идентитет. „Јуришот на Самоил“ е обид да се воспостави со фалсификати „македонски период“ во бугарската историја.

Познатиот бугарски археолог Николај Овчаров ги соопшти на 2 јули 2025 година, како што нагласи, „сензационалните резултати“, до кои дојде обемната бугарска научна експедиција во Монголија, изведена од 17-ти до 18 јуни 2025 година, со зацртана цел: „историска потрага по корените на (пра)Бугарите во срцето на Монголија“

 Бугарите сѐ уште немаат осознаено ниту кои се по потекло ниту од каде дошле на Балканот. Тие се потонати во „етничко-лингвистичка магла“ и продолжуваат да талкаат, барајќи се себеси низ распаќето на историјата на Евроазија.

Затоа тие крадат од Македонците песни, обичаи, јазик, идентитетски елементи. Затоа се обидуваат да го украдат и Самоил, со штедра помош на Грција. . Сепак, не можат сосила ниту да се исконструира „идентитетски стокмен Бугарин“, користејќи го Македонецот како основа, ниту „да се  стокми“ и Самуил како Бугарин. Тоа не го вели само авторот на овие редови, туку и повеќемина врвни европски и светски историчари, византолози и научници од други дисциплини, покрај овие од Македонија, кои обезбедуваат цела грамада несоборливи аргументи, автентични историски сведоштва и записи за македонскиот етнички карактер на Царството на Самоил и на него лично како владетел-цар.

 (продолжува)

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту се став на редакцијата на „Експрес“)

 

Најнови вести од: Македонија Колумни

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top