
Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, изјави дека доколку победи во трката за градоначалник на општина Чаир, тогаш заменик-претседателот и поранешен министер, Беким Сали, ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер.
Меџити, во изјава за медиумите, нагласи дека во рамките на коалицијата „ВРЕДИ“ се согласиле дека Сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на должноста.
Премиерот, Христијан Мицкоски изјави дека Меџити ќе продолжи да ги исполнува своите должности и покрај најавената кандидатура за претстојните локални избори.