Македонија

Големиот пожар синоќа во Велес предизвикан од гром

Фабриката Mirana, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално, појаснуваат од тимот.

Тимот на фабриката „BioCosmos & Mirana“ излезе со официјално соопштение по повод синоќешниот пожар на локацијата .

Оттаму велат дека пожарот во производствениот погон на „BioCosmos“ избувнал како резултат на удар од гром.

„Ве молиме да се воздржите од шпекулации и дезинформации – сите точни и навремени информации ќе ги објавуваме преку нашите официјални канали, апелираат од „BioCosmos & Mirana“.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top