Македонија

Владата усвои измени на Буџетот по намалените давачки за горива

Измените се прават поради фискалниот ефект од намалените акциза и ДДВ за горивата. Владата соопшти дека буџетскиот дефицит останува на непроменето ниво.

Владата кажа дека го усвоила Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година, со кој приходите и расходите се приспособуваат по мерките за намалување на акцизата и ДДВ-то за горивата. Со измените вкупните приходи се проектираат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Разликата меѓу проектираните приходи и расходи изнесува 46,3 милијарди денари.

Од Владата нагласуваат дека буџетскиот дефицит, сепак, се задржува на непроменето ниво.

  • „Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата“, соопшти Владата.

Оттаму велат дека измените треба да овозможат одржување на стабилноста на јавните финансии.

  • „Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите“, се наведува во соопштението.

Предвидено е и продолжување на реализацијата на владините програми и навремено сервисирање на обврските. Предлогот сега оди во Собранието, каде што треба да биде разгледан и усвоен.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

(Фото): Европските даночни советници доаѓаат во Скопје

Институтот на сметководители и овластени сметководители го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми. Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири.

To top