Македонија

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е неизбришлив спомен и вечен завет за чување и развој на татковината

Идеја водилка на востанието пред 85 години, како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ

Претседателката на Македонија се огласи со честитка по повод денешниот Државен празник 11 Октомври, но и со порака дека секое поколение има свој испит пред историјата.
„Нашиот испит не е да раскажуваме, а уште помалку да ги повторуваме битките на претходниците, туку, да ги оживотвориме нивните подвизи: со знаење, наместо со незнаење; со право, етика и морал, наместо со самоволие; со единство, наместо со раздор; со заслуги, наместо со политички, партиски и статусни привилегии“, вели претседателката Грдана Сиљановска-Давкова со која на макодонските граѓани им го честита Денот на народното востание.
„На 11 Октомври 1941 година, македонските востаници му се придружија на антифашистичкиот демократски фронт, решени да го продолжат патот на илинденците до конечната победа и слобода, формирајќи македонска држава.
На 11 Октомври 1941 година, македонските синови и ќерки тргнаа во решителен бој против фашистичките окупатори, бранејќи ја татковината.
Во време кога фашистичките сили маршираа низ европските држави, македонскиот мирољубив народ не беше тивок набљудувач на злото, туку патриотски ја прифати обврската за ослободување.
Идеја водилка на востанието како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ.
11 Октомври не е само важен историски датум. Тој е незаборавна и небришлива меморија и вечен завет за чување и развој на татковината. Заветот пак, не значи евоцирање спомени, имиња и настани, туку водење државен и општествен живот, достоен на нивната жртва.
Прилепските и кумановските востаници, но и сите други, не ни оставија само славна страница од минатото, туку аманет дека слободата се добива со храброст, дека правдината бара стаменост и пожртвуваност, дека држава се гради со труд, чест и одговорност. Нивниот херојски подвиг нè задолжува да бидеме не само нивни благодарни потомци, туку и достојни чувари и бранители на нивното непроценливо дело.
Се разбира, денешново време наметнува други приоритети, но секогаш остануваат човековата жед за правда, достоинство и слободен живот како насушна потреба.
Современиот бурен, сложен и конфликтен историски миг, од нас бара сплотеност, зрелост и мудрост, како неопходни доблести во справувањето со новите предизвици и проблеми со коишто сме соочени не само ние, туку и Европската Унија, Европа и светот.
Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом, во кој различностите не се повод за делби, туку причина за учење едни од други, за разбирање едни други, за градење свест за заедничко добро.
Мора да градиме правна и демократска држава, но и граѓанско општесто во кое законите ќе важат за сите, институциите ќе им служат на сите, а сечие човеково достоинство ќе биде неприкосновена вредност.
Секое поколение има свој испит пред историјата. Нашиот испит не е да раскажуваме, а уште помалку да ги повторуваме битките на претходниците, туку, да ги оживотвориме нивните подвизи: со знаење, наместо со незнаење; со право, етика и морал, наместо со самоволие; со единство, наместо со раздор; со заслуги, наместо со политички, партиски и статусни привилегии.
На крајот, на востаниците и на партизаните им должиме заслужена почит што се избориле и ни оставиле држава!
Ние пак, имаме политичка, економска и граѓанска обврска да градиме демократска, правна и просперитетна европска држава.
Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание! – објави Претседателката на Македонија

Најнови вести од: Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Годишно 8,1 милиони евра оделе кај околу 4 илјади лица, кои немале право на социјална помош!

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

One Albania е првиот оператор во Западен Балкан со одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device на SpaceX

Како дел од 4iG Group, One Albania продолжува да инвестира во напредни технологии, вклучувајќи 5G и оптичка инфраструктура, за да ја подобри поврзаноста и да ја зајакне својата телекомуникациска мрежа низ целата земја.

Јаневски: Потребен е критички однос кон оние, кои работат против државните интереси на Македонија, наместо да им се дава простор и влијание во јавноста!

Се покажа дека случајот со Ива Михаилова го води бугарската служба, но кај нас тенденцијата беше јасна – вината за нејзиното бегство да се префрли на МВР и на министерот Панче Тошковски – вели генералниот директор на Македонската информативна агенција – МИА Дарко Јаневски. Тој во гостувањето на „Колегиум“ на ТВ „Алфа“ говореше за медиумските приказни,  поврзани со случајот со Ива Михаилова, односите со Бугарија и влијанието на странските служби врз новинарството.

Откриени незаконски наплати кај финансиските друштва: треба да им вратат повеќе од 2,3 милиони евра на 26 илјади граѓани!

Над 140 милиони денари, или повеќе од 2,3 милиони евра, ќе треба да им бидат вратени на граѓаните кои користеле потрошувачки кредити од финансиски друштва. Државниот пазарен инспекторат утврдил низа незаконитости при контролите на сите 27 финансиски друштва во Македонија, а со мерките се опфатени повеќе од 26.000 граѓани.

Ангеловски за договорите со Грција и Бугарија: Историјата до средниот век ѝ ја продадоа на Атина, а од средниот век на Софија!

Историјата им ја продадоја на официјална Атина. Таа историја до средниот век и ја продадоа на официјална Атина, а средниот век на официјална Софија, изјави синоќа во своето гостување во емисијата за „Македонските работи“ на Алфа телевизија претседателот на МААК Страшо Ангеловски.

To top