Македонија

Мицкоски: Нашите предци го направија она што во нивното време изгледало невозможно

Тие немале гаранција дека ќе победат… no iмале верба дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.

Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

„Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро“, наведува премиерот.

Нашите предците го направиле она што во тоа време изгледало невозможно – ја отвориле вратата на слободата, а денешните генерации имаат должност таа слобода да ја зачуваат и да создаваат подобри услови за иднината, вели премиерот.

„Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено“, порачува Мицкоски.

Во честитката, премиерот повикува 11 Октомври да не биде само ден на сеќавање, туку и поттик за нова одговорност кон слободата и иднината на државата.

„Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“, истакнува премиерот во објавата на социјалните мрежи во која додава: „Честит 11 Октомври! Да е вечна Македонија!“

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е неизбришлив спомен и вечен завет за чување и развој на татковината

Идеја водилка на востанието пред 85 години, како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ

To top